З.Г. „ГРАДСКИ ХОР“ – ШТИП

БИОГРАФИЈА

Здружение на граѓани „Градски хор“ Штип е основано на 01.04.2009 година од страна на музички ентузијасти од општина Штип. Во своите почетоци повеќе беа изведувани македонски народни и староградски песни. Во тој период активностите на хорот, во најголем дел се одвиваа на територијата на град Штип и поблиските општини. Со текот на времето честопати имаше промена на структурата на членството на хорот.
Диригенти на хорот беа: г-н Стојан Поп-Димитров (2009-2012), г-н Ангел Давчев (2012-2013), истакнати музички имиња во Штип.
Хорот е од 2014 година под диригентството на г-ѓа Ивана Ѓурѓевиќ – Јанков, дипломиран диригент (ФМУ Белград, Србија) и магистер по музичка теорија и педагогија (Универзитет „Гоце Делчев“, Штип, Македонија), насловен Вонреден професор на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Градски хор Штип е мешан хор кој во моментот брои 23 члена. Репертоар претставува широк спектар на композиции и е прифатлив, како за „хорската“ публика, така и за поширок круг на љубители на музиката. Наши самостојни концерти ги одбележува разновидност на репертоарот, употреба на кореографски елементи и интеракција со публиката. Нашата цел е пренесување на љубовта кон музиката и позитивната енергија на публиката. Покрај ова, нашиот ансамбл се гордее со различностите. Имено, членовите на хорот се луѓе со различни верски, партиски и други определувања, различни генерации и националности, а сепак функционираме како добар тим.
Хорот успешно се претставува на фестивалите во Македонија, а има запазени концерти и учества на фестивали во Европа: Полска (Бјалисток, Тикочин), Бугарија (Ќустендил, Ботевгад, Костандово), Црна Гора (Будва, Бар), Албанија (Драч), и Србија (Крагуевац, Параќин, Ресавица).

Освоени награди и признанија:

– Лауреат на Првиот Меѓународен Божиќен хорски фестивал – Ќустендил, Р. Бугарија (2018)
– Grand-Prix на XV, XII и X фестивал „Пеј срце“ – Ќустендил, Р. Бугарија (2022, 2018 и 2016);
– Прва награда во категории: мешан хоров и машка вокална група на XI фестивал на шлагери и староградски песни „Пеј срце“ – Ќустендил, Р. Бугарија (2017);
– Прва награда во категорија мешани ансамбли на XXII фолклорен фестивал – Костандово, Р. Бугарија (2017);
– Прва награда на републичкиот фестивал „Илинденски денови“ -Битола (2013);
– Признание за учество на XXXXI Интернационален фестивал на православна духовна музика „Хајновка“ – Бјалисток, Р. Полска (2022)
– Признание за ентузијазам во негувањето на локалната фолклорна хорска традиција – Крагуевац, Р. Србија (.2019)
– Признание за учество на III меѓународен музички фестивал – Будва-фест, Будва, Р. Црна Гора (2018)
– Признание за учество на VII меѓународен ревијален музички фестивал „Дурес-фест“ – Драч, Р. Албанија (21.-25.06.2017);
– Благодарница од Армија на Република Македонија за остварените резултати и придонесот на планот на развивањето, осовременувањето и јакнењето на АРМ и афирмирањето на одбраната на Република Македонија (2017);
– Благодарница од Центар за помош на лица со интелектуална попреченост „Порака“ за инклузија и рамноправно учество во културните активности на луѓе со попреченост во развојот;
– Благодарници за учество на фестивали во Р. Македонија: Осоговска староградска вечер – Крива Паланка, Охридски староградски средби, Илинденски денови – Битола, Саноќ седам – Радовиш и други.
„Градски хор“ – Штип од 2017 година е организатор на Меѓународен фестивал на камерни хорови и вокални ансамбли – АСТИБО-ФЕСТ, кој во октомври 2022 година ќе доживее свое петто издание.

Градски камерен хор „АСТИБО“ освои сребрен Медал!

0
Градски камерен хор „АСТИБО“ освои СРЕБРЕН МЕДАЛ во категорија КАМЕРНИ ХОРОВИ на XXIII Интернационален хорски фестивал „Мајске музичке свечаности“ во Бијељина, Република Српска -...

ГКХ АСТИБО-Штип настапи на „IV Международен коледен хоров фестивал“ во Ќустендил, Р. Бугарија

0
Градски камерен хор АСТИБО на 15.12.2023 настапи на „IV Международен коледен хоров фестивал“ во Ќустендил, Република Бугарија. Се претстави со седум композиции, промовирајќи ја...

Годишен концерт на Г.К.Х. “Астибо – Штип“ во соработка со Ж.Х. “Неразделни“ – Ќустендил,...

0
На 11.11.2023 год. (сабота) со почеток во 18 часот, во рамките на проектот "Меѓусебната соработка како мост за зближување на народите", се одржа целовечерен...

6-ти ИФКХ “Астибо-Фест 2023“

0
Љубителите на хорското пеење имаа можност да го проследат шестиот Интернационален фестивал на камерни хорови "АСТИБО-ФЕСТ" во соработка со З.Г. “Градски хор“ Штип. Дата:...

Целовечерен концерт на Градски хор – Штип (21.06.2023)

0
На 21.06.2023 год, по повод Светскиот ден на музиката, во Галерија 22 при НУЦК “Ацо Шопов“ Штип со почеток во 19 часот, се одржа...