За програмата на Градскиот оркестар

1. Културно и уметничко афирмирање на врвните музички вредности преку концертно претставување на Штипскиот Дувачки Оркестар и понуда на квалитетна уметничка програма на граѓаните од Општина Штип, но и афирмирање на Штип надвор од границите на државата преку активно учество на реномирани меѓународни музички фестивали;
2. Одржување на едукативни работилници во соработка со основните училишта на територијата на Општина Штип, и претставување на квалитетна музичка програма на најмладата популација.

Традицијата на постоењето оркестри од дувачки инструменти во Штип датира уште од втората половина на 19 век. Првите посериозни почетоци на градски дувачки оркестар се ви 1924 година кога од страна на еден музичар од еврејско потекло е формиран дувачки оркестар, кој функционирал во рамките на тогашното противпожарно друштво. Подоцна како капелник на оркестарот дошол Мирко Мичиќ и во тој период оркестарот броел околу 20-30 членови. До периодот пред Втората светска војна се промениле повеќе раководители, меѓу кои најдолго се задржале Хрељо (капелник) и Никола Ќулуков, исто така капелник, кој бил и оркестарски диригент. Значајно било тоа што во тоа време имало недостаток од инструменти и истите биле донирани од страна на луѓе кои во тоа време биле финансиски помоќни.
Во периодот по Втората светска војна со оркестарот раководи Методи Докузов, професор по дувачки инструменти и во тој период оркестарот остварува бројни успешни настапи на сите позначајни празници и настани организирани од градот Штип.
Од 1990 година со оркестарот раководи проф. Миле Серафимов и во тој период оркестарот бележи бројни успешни настапи, претежно во градот Штип и околината. Помеѓу штипјани познат како градски оркестар кој бил главен носител на културниот музички живот во градот.
Во септември 2017 година овој оркестар се возобновува под диригентската палка на проф. Тоше Митрев. За кратко време оркестарот достигна завидно ниво на организација и во декември 2017 година го реализираше својот прв успешен јавен настап во овој нов состав, а учесвуваше и на првиот Новогодишен базар кој се одржана градскиот плоштад во Штип, а во организација на Општина Штип. Моментално оркестарот брои околу 30 постојани членови, дел од нив постари чкенови, а останатите се помлади ученици, студенти и професори кои пристапија како нови членови во поддршка на развојот на овој реномиран оркестар во Штип.

Предновогодишен концерт на Градски дувачки оркестар – Штип

Вечерва (20.12.2022 г.), сите љубители на убавата музика имаа прекрасно предновогодишно музичко дружење со концертот на Градски дувачки оркестар – Штип

Вторник, 20.12.2022 год. / Галерија 22 при Дом на културата / Почеток: 20 часот